ФОТО: Осквернавен храмот Свети Георгиј во Лазарополе

Продолжува сквернавењето на православните храмови во регионот. Осквернавен е најубавиот храм во Мијачкиот крај, црквата Свети Георгиј во Лазарополе, храм прочуен по својот редок и вреден иконостас, но и по доста богатата галерија на стари икони кои датираат од XVI до XVIII век – јавува страницата на Бигорскиот манастир.

Групата крадци успеале да однесат скоро сè што било вредно во храмот – дел од престолните икони и другите ретки икони од XVI, XVIII и XIX век, цел горен ред од иконостасот, па дури и старата и неодамна реставрирана престолна резба. После кражбата во црквата е оставен пустош. Влезната врата е буквално распарчена, иконите се искорнати од ѕидовите и оваа жална слика е само еден тажен потсетник за нас дека едно непроценливо богатство што некогаш го красеше овој раскошен храм е неповратно заминато.

Органите на редот остануваат немоќни да ја спречат групата која прави пустош во нашите храмови.

Фото: Бигорски