ФОТО: Порибување на Велика Река (Треска)

Категории: Кичево, Слајдер

Вчера здружението на риболовци „Треска“ од Кичево изврши порибување на риболовниот вир „Треска 1“ (горното течение на река Треска и нејзините притоки). Според здружението, пуштени се околу 8500 единки речна македонска пастрмка.

Подмладокот е произведен во овластениот репроцентар восело Шум, Струшко кој работи во рамки на УКИМ, Институтот за сточарство од Скопје чии претставници беа присутни на самиот чин на порибување на река Треска и Беличка река.

Беше порибено горното течение на река Треска од с.Извор до с.Другово и Беличка река на потегот од вливот во река Треска до с.Белица. Кичевско.

– “Ова порибување за нас, како концесионери на риболовниот ревир, претставува исполнување на законската обврска превземена со потпишување на концесискиот договор за стопанисување со рибите во риболовен ревир „ТРЕСКА 1“. Со ова порибување, се надеваме дека ќе успееме да го вратиме стариот сјај на риболовниот ревир ТРЕСКА 1 “. Средствата за ова порибување ги обезбеди здружението потпомогнато од ЈП „Студенчица“ и ЈП „Комуналец“ на кој во оваа прилика во име на сите риболовци и граѓаните на Општина Кичево искрено им се заблагодарувам – изјави Кристијан Попоскипретседателна Здружението на риболовци ТРЕСКА од Кичево.

Вчерашното порибување на река Треска и нејзините притоки беше поднадзор на претставници на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа н арибарството и аквакултурата) со седиште во Охрид од каде се најавуваат зачестени контроли по течението на река Треска и нејзините притоки во претстојниот период кога се очекува да започне природниот мрест на пастрмката, а додека здравствената состојба на подмладокот ја потврди и денес присутниот инспектор од Агенцијата за храна и ветерина ПЕ-Кичево.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,