ФОТО: Вечерва Кичево беше обединето, нема простор за поделби

Категории: Кичево, Слајдер

Вечерва во преполната нова спортска сала „Христо Узунов“ беше презентирана програмата на кандидатот за градоначалник на Кичево, Благоја Деспотоски – Ташко. Голем дел од луѓето останаа надвор бидејќи просторот беше претесен, но останаа до крај. На промоцијата настапија кичевчаните Влатко Лозаноски, Калиопи Буке и Владо Јанески, а пред народот свое обраќање имаше премиерот Никола Груевски, носителот на листата за советници, Ѓорѓија Сајкоски и градоначалникот Благоја Деспотоски.

Беше презентирано досега сработеното, како и плановите за наредните четири години: реконструкција на Китино кале, на булеварот, бројни инфраструктурни зафати, развој на бизнис климата во градот.

Беа исптратени обединувачки пораки до граѓаните, без разлика на национална, верска и партиска припадност да се обединат за Кичево, да го поддржат Благоја Деспотоски кој изминатите четири години помагаше на секого не делејќи ги луѓето според етничка или верска припадност и помагаше насекаде. Беше нагласена потребата дека како никогаш досега треба да се обединиме зад иста цел и да гласаме за Благоја Деспотоски.

На промоцијата присуствуваа граѓани од сите провиненции.

http://www.facebook.com/BlagojaDespotoskiTasko

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,