ФОТО: Како некогаш се скокало по Светиот крст во старо Кичево

Некогаш во бистрите води на реката Темница (Зајашка река), кичевчани скокале по светиот крст. Тоа бил настан на годината. На температури далеку под нулата, само најсилните момчиња можеле да влезат во ладната вода. Традиција откако постои и Кичево. Да се негува аманетот на предците кои и во најтешките времиња не отстапиле од прадедовото.

Еве ги тие моменти, на денешен ден во 1936 година. Се надевам дека еден ден, повторно ќе ја обновиме оваа традиција Светиот крст да се фрла повторно во водите на Зајашка река.

Водици во Кичево, 1936 година, населба Подварош, фрлање на Светиот Крст во Зајашка река која тогаш била чиста и полна со риби. Ако смогнеме сили за некоја година да го рехабилитираме нејзиното корито, оваа вековна традиција на нашите предци повторно ќе ја обновиме. А во врели лета како ова да се разладуваме и кампуваме на нејзините брегови
Фрлање на Светиот Крст за Богојавление – Водици во Зајашка река во 1936 година. Населба Подварош