ФОТОГАЛЕРИЈА: Калефест #05!

Категории: Магазин, Мултимедија, Слајдер

Се случи и Калефест 05! Со над 1000 посетители, одлична атмосфера, позитивна енергија, одлично озвучување и светлосни ефекти. Можеби на почетокот никој не очекуваше дека ќе се дотурка до петтото издание, но ете, момците беа упорни и фестивалот успева петта година по ред.

– Следната година очекуваме конечно Калефест да ја добие заслужената поддршка од локалната власт за да може да се издигне на ниво кое го заслужува. Во однос на музичкиот и уметнички дел ќе се обидеме да дадеме простор на артисти кои сакат да се претстават во сите облици и со тоа се надеваме дека фестивалот во иднина  ќе го добие својот заштитен знак како интернационален бренд – велат организаторите.

Калефест првпат се одржа во август 2009 година и оттогаш стана еден од најпрепознатливите културни настани кој бележи нагорен тренд, како во квалитетот, така и во посетеноста на настанот.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,