ФОТОГАЛЕРИЈА: Скромно одбележан денот на ослободувањето на Кичево

Категории: Кичево, Мултимедија, Слајдер

Со положување на свежо цвеќе на Спомен костурницата на Китино Кале каде почиваат 555 борци од НОВ и симболично подигање на знамето на Кичевско-мавровскиот партизански одред пред музејот од Кичево помина одбележувањето на 70-годишнината од ослободувањето на Кичево. Годишнината ја одбележаа коалицијата „Кичевчани за Кичево“, Сојузот на борци, Сојузот на резервни воени старешини и понекој добронамерник. Во тишина преживеаните борци се потсетија на своите другари со кои на 11 септември 1943 година вмаршираа во Кичево.

Годинава немаше никаков организиран настан од страна на општина Кичево, за разлика од минатите години кога овој датум се празнуваше подостоинствено.

Кичево е прво-ослободениот град за време на НОВ во Македонија.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,