Историја на фотографијата [#1]

Категории: Лично, Слајдер

Фотографијата преставува прво и основно сретство за комуникација, без разлика за каков тип на фотографија станува збор. А каква ќе биде таа комуникација зависи од фотографот, односно на кој начин да се прикаже одредената сцена (ситуација), а тоа значи, на кој начин ќе се организираат сите елементи кои ќе се употребат во самата фотографија. Во суштина се сé сведува на изнаоѓање на прав однос на елементите внатре во кадарот кои точно ќе се пренесат на вашето гледање на некој момент.

Зборот фотографија произлегува од грчкиот збор фос (светлина) и графис (четка), сто заедно означува цртање со светлина. Фотографијата како поим може да биде дефиниранкако запишување на слика со помош на леќа и материали кои се чуствителни на светлина.

Првиот фотографски апарат се нарекува камера опскура. Аристотел го опишал овој феномен уште во четвртиот век пред новата ера. Камера опскура првпат била изработена во XI век во Арабија поради набњудувањето на помрачувањето на сонцето. Леонардно да Винчи го нацртал овој процес во Ренесансна Италија.

Во 1727 година германскиот лекар Јохан Шулце открил дека сребрениот нитрат темнее на светлина. Во 1827 година е направена првата фотографска снимка од страна на Жозеф Нисефор Ниепс, чија експозиција траела 8 часа. Во 1839 година била пронајдена Калотипијата од страна на англичанецот Вилијам Фокс Талбот. Овој процес, во кој се појавуваат негатив и позитив овозможува размножување на фотографиите. Во 1851 година е утврдена т.н. Калодиска постапка која ја развил англискиот вајар Фредерик Арчер. Неговите негативи на стакнети плочи овозможуваат изработка на фотографија на хартија. Во 1907 година е направена прва применлива постапка за изработка на фотографии во боја. Овој процес го воведуваат француските браќа Огист и Луј Лимијер. Во 1924 година е направен првиот апарат на 35-милиметарски филм кој е наречен Лајка I. Неговиот бројач на снимки брои до 36, поставувајќи така стандард за подоцнешните камери. Во 1935 година е направен Кодахром филм која овозможува дијапозитивите да се проектираат или од нив да се направат фотографии. Во 1939 година, Агфа го произведува првиот значаен колорнегатив филм. Во1947 година е произведена првата камера за изработка на моментни снимки од страна на Едвин Ленд. Во 1975 година со помош на специјални камери и светла еден американски научник фотографира куршум кој минува низ јаболко. Времето на експозицијата 1 тримилионити дел од секундата. Во 1976 година е направена првата компактна камера со автоматски фокус произведена од страна на јапонската компанија Коника. Апаратот се викал KONIKA C35F. Во 1990 година е прикажан првиот систем „ ај-старт“,, при што леќите автоматски го зумираат објектот кој го гледате низ обрачот. Во 90-те години на 20 век се појавуваат дигиталните камери, каде сликите се чуваат на дискови.

М-р Јован Наумоски

Фото Клуб Пиксел

Следен текст: Документарна фотографија [#2]

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,