Фотографијата од сириското девојче која го потресе светот

Ова девојче од Деир Езор, источна Сирија, било врзано од опозициските групи поврзани со Ал Каеда додека пред нејзините очи ги мачеле и ги убиле нејзините родители. Тешко дека има повеќе од 5 години. Нивниот грев бил дека се Шиити. Фотографијата била објавена на FB страницата  „Syrian Truth“ и подоцна повлечена. Но пред тоа веќе го обиколила светот.

Ова е една од илјадниците судбини на сириските деца кои масовно страдаат последниве 2 години. Групите кои го извршиле ова ѕверство се составени воглавно од странски платеници кои се борат против владата во Дамаск. Светот речиси и да не презема ништо освен „на момент се потресува“. За иронијата да биде поголема, овие групи добиваат помош од западните земји, а Сирија речиси за конец ја избегна судбината да биде бомбардирана од западните земји, во знак на поддршка токму на овие групи.