Франција ќе ги укинува зборовите „Мајка“ и „Татко“

… а наместо нив ќе стои „Родител 1“ и „Родител 2“. Причина е предлогот за легализација на хомосексуалните бракови, а процедурата за легализирање на истополните бракови, со што хомосексуалните двојки ќе имаат шанса да посвојуваат и деца, термините „мајка“ и „татко“ може да се заменат со формата „родител 1“ и „родител 2“ во правните документи, вклучувајќи ги и изводите од книгата на родени.

Предлогот ги разбесни верските организации, а Доминик Реј, претставникот на католичката црква бара референдум на кој е сигурен дека легализацијата на ваквите бракови нема да помине.

-Мора да се постави референдум и дебата. Мнозинството луѓе се согласуваат со традиционалниот поглед кон бракот, вели Доминик Реј, бискуп на римокатоличката црква во Тулон.

Со тоа се предвидува и можноста истополните парови да посвојуваат деца.

Според анкетата направена минатиот четврток, 61% од испитаниците велат дека се за легализирање на истополни бракови, но само 48% од нив ја поддржуваат идејата за посвојување деца од нивна страна.

Католичката црква е непопустлива по ова прашање. По средбата со министерот за внатрешни работи, кардинал Филип Барбарин предупреди дека „истополните бракови ќе го отворат патот за полигамијата и инцестот“.

-Последиците може да го разорат општеството. Ќе сакаат да прават врска со тројца или четворица членови. Потоа можеби ќе падне и табуто околу инцестот“, рече тој.

-Се шокирав кога го слушнав ова од него. Сметав дека е мудар човек. Не знам што му стана, тоа што го кажа беше грдо, рече Делано, градоначалникот на Париз.

Темата за истополните бракови деновиве е актуелна и кај нас откако министерот за Труд и социјала јавно се произнесе дека е против легализација на хомосексуалнте бракови. Неговиот став го поддржа и неговата матична партија, ВМРО-ДПМНЕ, а со сличен став денес излезе и опозицискиот СДСМ.