И француската амбасада се вклучи во потрага по исчезнатата Валери

Категории: Кичево, Слајдер
Амбасадата на Франција во Македонија апелираше за информации за француската државјанка Валери Бара која исчезна во Кичево на 25-ти јули.
„Гѓа Валери Бара, мажена Незироски, има 39 години, висока е 168 цм, тежи 55 килограми, живее во Франција, последен пат е видена во летната семејна куќа во Кичево на 25 јули 2013. Нејзиниот сопруг нема информации за неа и побарал помош од полицијата во Кичево и Француската Амбасада. Гѓа Валери Бара разбира албански. Дента на исчезнувањето на себе имала розеви „адидас“ патики“, се вели во апелот од амбасадата.
Се замолуваат сите граѓани кои имаа некаква информација за исчезнатата жена да ја контактираат полицијата на телефонскиот број 192.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,