Регионален фудбалски турнир во Демир Хисар

Категории: Демир Хисар, Спорт

Над 90 млади и талентирани македонски фудбалски надежи, организирани во 4 екипи, учествуваа на традиционалниот Регионален кадетски фудбалски турнир „Демир Хисар  2013“. На турнирот учествуваа фудбалски подмладткари од Крушево, Кривогаштани, Битола и Демир Хисар.
На малата свеченост што се одржа пред почетокот на турнирот, на учесниците им се обрати градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски:

–    Јас како прв човек на општината, претседателот и членовите на Советот на општината и останатите општински релевантни субјекти, во рамките на нашите можности, ќе продолжиме, да го поддржуваме спортот, со посебно и нагласено внимание спрема организираните формални и неформални спортски асоцијации како што е „Феникс“ – рече градоначалникот честитајќи го Денот на независност и прогласувајќи го турнирот за отворен.

Во драматична и до последен момент неизвесна фудбалска борба и надигрување помеѓу домашната екипа „Феникс“ и битолски „Пелистер“, победата ја понесе домаќинот, со што го освои првото место, а Пелистерци се пласираа на второто место. Третото место го освои екипата „Питу Гули“ од Крушево, а на четвртото место се пласира  „Младост“ од Кривогаштани која што доби специјално признание за ферплеј.

Пехарите беа доделени на централната свеченост што се одржа на градскиот плоштад  „Осми септември“.
Покровители на турнирот беа Градоначалникот и Советот на Општина Демир Хисар, а организатор беше Спортската организација „Феникс“ од Демир Хисар

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: ,