Стари гатанки и умотворби од Кичевско од пред повеќе од 100 години (2)

Категории: Ризница, Слајдер

Продолжуваме со објавување на стари гатанки и умотворби од Кичево собирани од јероѓаконот Јосиф од манастирот Света Богородица Пречиста. Тој грижливо ги собирал од народот и ги објавувал во Цариградскиот весник „Новини“ во периодот од 1890 до 1905. Благодарение на него биле спасени од заборав и ги имаме денес. Со нив се поучувале, плашеле, тешеле, објаснувале… нашите предци.

За да ги зачуваме оние кои не се запишани, ве молам испратете ни ги на kontakt@kicevo.mk и ќе ги додадеме на листата.

Од с. Вранештица

Бели кокошки под ѕид лежат.

Што сакаш: влечи-трн, али скочи-трн. (Змија или зајак).

Висок Тодор во гора лежи. (Листурник)

Парталаа Ѓупка пред цар излагат. (Зелник)

Д’лг Тодор без гаќи. (Оџак)

Еѓупка се чекореше, Еѓуптин се топореше. (Вршник и црепна).

Козиноо зина, голо се врина. (Вреќа и жито)

Лута кучка трици б’лва. (Пила)

Плоча в куќи. (Погача)

Падна вол во темен дол. (Ноќ)

Си имав една нееста, кој помини баци ја и ја поминав ја бацив. (Стомна)

Сив коњ рзна се море смрзна. (Ветер)

Удолу кога ќе се нап’лнит, угоре извај ја ќе се испразнит. (Капа)

Угоре ојт, удолу се пулит. (Пушка)

Што е: црвено пчиште? (Улиште)

Црн калуѓер плешчи печит. (Черен)

Јакуда кајкуда, у мене у тебе лукоа глајца. (Име)

Сви угоре сви удолу, сви гла псојса. (Искра)

Секој плачет за него, никој не ојт по него (Умрен)

Од с. Тајмишта.

Два орла се тепаат бели пени пуштаат. Гребни за волна.

Мотоило вило, низ гора било, дома дошло, зад врата се скрило. (Секира)

Остај го не стојт, пушти го ќе се окршит. (Јајце)

Имав еден старец со три влакна под него. (Селски стол)

Имав четири сестри дење и ноќе се бркаат, а не се стигаат. (Вртешка)

Тодор одит низ гората викат ов леле. (Ѕвонец)

Тодор одит низ гора ж’лти правци терат пред него. (Чешел за коса.)

Уш магаре в кошара, ушите не му влагат. (Сврдел)

Фи угоре, фи удолу, свитка глата пцојса. (Искра)

Црно мече газот пече. (Котле)

Среде море кламбурец. (Папук)

Од с. Премка

Брза кучка низ гора лает.

На секоја ричка и плочка. (Нокти)

П’лн вир иверки. (Риби)

Ф’рс кучка низ лесна. (Соалка со која се ткае)

Шаров седи на кошара, опашката му е в кошара. (С’лнце).

Види ги претходно објавените

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , ,