ФОТО(И)СТОРИЈА: Првиот македонски архиепископ замонашен во Пречиста

Посетата на првиот македонски Архиепископ Г.Г. Доситеј (по возобновувањето на древната Охридска Архиепископија) на манастирот Св. Богородица Пречиста, 21 Септември 1973, за време на празникот Мала Богородица. Монашката одежда ја облекол токму во манастирските ќелии на Св. Богородица Пречиста во 1924 година.