Ѓубре се фрла кај ќе се стигне

Категории: Кичево

Градежен шут, земја, дрва, гранки, парчиња покуќнина, стари апарати за домаќинство, гуми и друг најразличен отпад може да се забележи на голем број локации во градот. Несовесни граѓани секојдневно истураат отпад каде ќе стигнат.

Причината за ваквата слика во градот, е ниската свест и култура на граѓаните.

Затоа ги замолуваме сите граѓани кој живеат во Општина Кичево и кои имаат градежен материјал, шут или остатоци од (дрва, гранки, земја ,треви и сл.), истиот да не го фрлаат во контејнери или во нивна близина, туку да се фрла на градската депонија.

Дел од централното градско подрачје и периферните делови од градот се прекриени со нечистотија. ЈП Комуналец – Кичево РЕ Комунална хигиена се немоќни да ја спречат оваа појава. Затоа и апелираме и до комуналните инспектори од Општина Кичево да преземат мерки и секое вакво однесување да се санкционира прекршочно.

Од општина тврдат дека се постојано на терен. Нивните инспекциски служби во неколку наврати фатиле на дело лица кои фрлаат и потпалуваат ѓубре. Но, очигледно казните не можат да ги вразумат несовесните граѓани.

Деновиве, комуналните редари од ЈП Комуналец – Кичево при секојдневните контроли на терен, констатираа несовесно исфрлен отпад , кој може да се забележи од сликите.

ЈП Комуналец

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,