Магистралниот пат низ Кичево викендов со голема фреквенција

Категории: Кичево

Продолжениот јунски викенд, голем број граѓани го искористија за да уживаат во убавините на Охрид и да го направат своето прво годинешно капење.

Колкав беше бројот на гости, најдобра потврда се бројот на автомобили кои поминаа по магистралниот пат низ Кичево во овие три дена. По успешниот  викенд туристите попладнето го напуштија Охрид  а низ Кичево, за само два часа поминаа толку возила колку што просечно минуваат за цела недела. И овие фотографии, снимени вчера попладне, ја потврдуваат денешната фреквенција на возила низ градот, каде  што доминираа возила  со скопски регистарски таблички и во помал дел тетовски и гостиварски.

Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,