Голема несреќа Вадлај, алтобус се превртел (30)

straza-sneg

Пиењето утринско кафе в меана на Балкнаскиве простори не е само ритуал, туку и абер* што имат, што немат ……..
Кафеани, меани, биртии за боеми колку сакаш и во секоја башка табијет. Во некоја добра скара, негде добра музика, ама задолжително во секоја постара, ислужена конобарка со куса црна сукња и кундри со висока штикла, а масите наместени потесно за кога ќе те служи да те трзне, а ти опиен од ишеретот*, нарачуваш и само нарачуваш тури, ѓо ти си единствениот кој го трзнала.
Поради строгите морални начела на овие простори и недостаток на „роба“, редовно конобарките беа „увозни“. Убав муабет пукнал, „во кафанана „Београд“ кај ..бија „тазе роба“ од Шабац“, а тамо Апо ..бија седнат на првиот стол до влезната врата и со усул* прајл селекција кој да влези. Кој е пополн со пари војнички НАПРЕД, „остали“ СТОЈ.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

На еден радознал муштерија од остали СТОЈ, што му рекол дека „се е резервирано“ ( имало и кафанска дискриминација, значи !!) нормално му се снеубајло. Како да му вратит со реванш, да го понижит !!?, приметил дека газда ..бија ѓоа читал весник на маса (беше навистина неписмен, тоа го знаеше цела чаршија а и „увредениот“) ама весникот целосно свртен наопаку. – … „Што имат ново, што пишуат новињево Апо ? /ГОЛЕМА НЕСРЕЌА ВАДЛАЈ, АЛТОБУС СЕ ПРЕВРТЕЛ“ ……… е така видел и „прочитал“ газда ..бија за автобусот, на слика со колцата нагоре !!! …….. раскажано од Матко П.

Абер* од Турскиот јазик = вест, новост …….
Ишерет* од Турскиот јазик = таен знак, скришно ставање на знаење за нешто со гестикулација ….
Усул* од Турскиот јазик = скришно, потајно, неприметно ……

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако