Големите сили – Долготројниот развој и изворите на енергија како геополитички фактор во меѓународните односи

n-polinja

Геополитиката е наука која ги изучува географските ефекти на одредена држава,регион и нивното влијание врз меѓународните односи и политика. Во одреден период големите сили соработувале меѓу себе, но знаеме и дека различните интереси довеле до катастрофални последици,светски војни и дизбаланс на светскиот поредок.

Иако во текот на развојот на човечката историја минералите играле позитивна улога, сепак има и големи негативни страни (како неправилно искористување,трошење, искористување за преголеми профити, кризи итн). Денес човекот располага со ископини низ цел свет на повеќе од 150 минерали и за секој од нив се користи посебна технологија од производство до продажба. Според Џефри Сакс и неговото истражување во период од 1971 до 1991 година државите кои располагале со минерали и ресурси имале помал економски раст од државите кои повеќе во својот БДП ги уклучувале сервисните услуги (банки, берзи, туризам, телекомуникации), но во деведесетите години некои држави богати со нафра на Блискиот Исток почнуваат драстично да се развиваат до модерни општества, тука би ја спомнал и Русија која излезе од кризата во деведесетите и овие неколку држави максимално ја искористија високата цена на нафтата од почетокот на 21 век.

Нафтата како извор на енергија прв пат во геополитичките игри се воведува во Првата светска војна, додека после Втората светска војна се менуваа концептите на надзор,производство, така што поради овие работи во текот на седумдесетите и осумдесетите години на 20 век настанаа големи шокови,енергетски кризи, исто така се водеше и Заливската војна во 1991 година.

Регионите богати со нафта и вода повторно ќе ја одредат иднината на меѓународните односи. Во взаемност со Големите сили и нивните интереси кои го отсликуваат во повеќе димензии светскиот геополитички пејсаж, некои ќе нудат алтернативни решенија, технологии и целокупниот развој на историјата се доведува во една раскрсница помеѓу изворите на енергија,технолошки иновации,финансии и географска позиционираност. Контролата над водните ресурси ,како и нафтата ќе биде темел на “модерната”  политика и стратегија. Само за илустрација – Северна Европа располага со голем број водни канали и транспортот на стоки е доста поевтин ,поголем и побрз, додека Јужна Европа има одвај неколку канали и тука можеме да го лоцираме еден од главните проблеми кој многу влијае на економските процеси во јужниот дел од европскиот континент. Според Адам Смит првите трговски развиени сили биле околу медитеранот, каде што државите кои располагале и применувале трговија и размена паметно ја користеле во голем дел од годината мирната вода на Средоземното море.

На пример Русија, СAД, Кина со сегашните наоѓалишта имаат во просек резерви за уште 15 години. Како најголеми потрошувачи особено САД и Кина која ја преусмерува својата економија кон потрошувачко општество . Овие држави ќе имаат голема потреба од енергетските извори, особено нафтата. Тој факт ни укажува дека се потребни нови наоѓалишта, нова технологија која ќе користи за производство и дистрибуција на нафтата (овде би додал за пример новата технологија т.н индустриски интернет кој во изминатата година според податоци на IBM, нафтената индустрија заштедила околу 90 милијарди долари, додека авионските компании заштедиле 20 милијарди долари и затоа немаше преголем пад на берза на нафтените компании кои имаа големи проблеми со падот на цената на нафтата која влијае на нивните профити). Но како што доаѓа новата технологија, животот се менува, се појавуваат нови дејности, динамични системи кои имаат големо влијание врз човекот и тука лежи теоријата тука теоријата за деструктивна политика на Шумпетер кој вели дека за да се создаде нешто ново и тоа да се примени ќе треба одредено време, додека старите бизнис методи ако се заменат што побрзо со нови поефективна ќе биде секоја економија на една држава и пдообро планирање на сосптвените ресурси.

Новата геополитика ке биде свртена до изнаоѓање и на нови енергенси кои ќе бидат легитимино недоволни заради големато искористување на земјите во развој БРИКС кои почнуваат да консумираат со зголемување на нивниот економски развој.

Според последните извештаи резервите на нафта постојат уште 64 години во просек ако ги земеме најголемите 20 држави производители (Венецуела е на прво место со резерви на нафта за наредните 300 години), но најголем дел припаѓа на делот од Блискиот Исток и Северна Африка. Мапата на блискиот исток денес е поделена на држави со јак економски развој и држави дестабилизирани со конфликти и кризи кои имаат големо влијание во светот. Нафтата доведе до економската екстраверзија на Катар, Саудиска Арабија , предводена од Араските Емирати и Кувајт, преставува денес една од најрелевантните фактори и двигатели на развој во овиеземји. 60 % од нивниот будџет се состои од продукција на нафта и др нафтени деривати и петрохеикална индустрија која е најсвојствена за Катар.

Горенаведените детали носат со себе и нови начини и погледи на светската политика и економија.Пример односот доларов индекс-цена на нафта може да игра голема улога во држави како Норвешка (каде норвешката круна губи вредност во однос на доларот кога цената на нафтата е ниска, истото важи и за Канада). Додека во друг пример доколку цената на нафтата е пониска на светските берзи во Кина ќе има поголема потрошувачка и развој, користење на материјали кои 20% доаѓаат од Австралија и австралиската економија бележи во тој момент раст. За време на геополитички кризи, конфликти, ефтина нафта исто така и швајцарскиот франк претставува прибежиште на светските инвеститори.

Од сите горенаведени видувања,краен заклучок на овај текст може да биде дека ќе следи еден нов циклус на компромиси, соработка, баланс на силите колку и да изгледа сега светот милитаризирано (воени паради, вежби, регионални конфликти). Врската меѓу енергетските и националната безбедност е повеќеслојна и комплексна и често останува недефинирана. Самите факти што ги спомнавме погоре во текстов и нивната поврзаност даваат спој на мотиви и различни начини на согледување за меѓународната политика.

Пронаоѓањето на нови енергенси (како што е прозиводството на нафта со шкрилци) ќе претставува мотив за зачувување на нашата планета и за намалуванје на јаглеородниот диоксид. Еколошките инвестиции се све повеќе и повеќе потребни на планетата и ке преставуваат добра инвестиција за краток, среден и долг период. Но тоа да се искористи правилно и со точна прецизност на технологијата. Деновиве сме сведоци на откривање на афери со еко стандардите на светските најреномирани прозиводители на автомобили (од тука следи и пад на нивната берзанска вреднсост и тоа може да влијае врз цели економии), но од друга страна инвеститори визионери кои вложуваат во електрични автомобили (кои засега се доста скапи за да се пуштат во голема продажба). Уште еден економски проблем со нафтата изминатиот период е производството на нафта на шкрилци каде во САД голем број компании кои се занимаваат со таа дејност имаат земено обврзници или кредити и доста од нив банкротираа поради драстичното намалување на цената на нафтата со што и тука може да има домино ефект врз банките и останатиот дел од економијата. Еко таксите би биле дел од тој нов синџир за долготраен еко развој. Визијата на светот треба да биде денешните отпадоци да претставуваат идни ресурси, сега за сега ова е можеби “неактуелна” тема но во иднина ке биде реалност, но и голем потенцијал за работни места, воведување нова технологија, едукација и изградба на свест за подобра животна средина.

Автори на текстот

Томче Илијевски

Правен факултет-специјалност -меѓународни односи/Софиски универзитет СВ.Климент Охридски

М-р Бојан Ристески

Финансии и стратегиски менаџмент/Универзитет Париз 1-Пантеон Сорбона оддел