Напредок доби нов тренер

Категории: Слајдер, Спорт

По оставката на досегашниот шеф на стручниот штаб Гордан Здравков, екипата на Напредок експресно го реши овој проблем и од денес прв тренер на сино-белите е Горазд Михајлов, поранешен тренер на Тетекс, Пелистер и Охрид.
-Доаѓањето во Напредок за мене е нов тренерски предизвик, бидејќи добро ми е познато колку овој клуб му значи на градот и неговите жители.Во најголем дел добро ги познавам фудбалерите на Напредок, бидејќи како тренер на Тетекс,Пелистер и Охрид во повеќе наврати се имам среќавано со прволигашот од Кичево.Ќе се потрудам во што поскоро време да ја вратам екипата на повисоко место на табелата, што е моја приоритетна цел-рече Горазд, Михајлов новиот тренер на Напредок.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,