ФОТО: Што сакаа да украдат крадците од кичевската црква

Златни ланчиња со приврзоци, околу 120.000 денари и помал износ на евра украле 18-годишниот С.Ф. и една година постариот Ф.Д. од Кичево од црковниот храм „Св.Петар и Павле“.

Полицијата по извршената кражба ги пронајде и уапси двете момчиња кои пред два дена скршиле еден од прозорите на храмот, влегле внатре и насилно ја отвориле влезната врата од трпезаријата.

Потоа, успеале да го разбијат црковениот сеф, од каде ги одзеле парите и останатите предмети.

Она што е  интересно е што двајцата крадци имале намера од црковниот храм да одземат еден ЛЦД телевизор и еден компјутер. Истите ги  сместиле во количка и ги оставиле во црковната трпезарија со цел подоцна во текот на денот да искористат поволен момент за тоа, но биле фатени од полицијата.