Граѓаните од зградите на булеварот се жалат на кафиќите

Категории: Кичево, Слајдер

Граѓаните кои живеат во зградата спроти старата стоковна куќа со години имаат проблем со кафиќите кои се отворија во просториите во нивната зграда. Се пожалиле во многу институции, но сите се прогласите за ненадлежни.

– Со години немаме мир, од простор со убави паркчиња и дрвја, стана дувло на наркомани и пијаници и тоа на приватен имот – велат тие.

Потенцираат дека кафиќите своите тераси ги имаат узурпирано дворното место на станарите за кој немаат добиено никаква дозвола. Поднеле и кривични пријави, но предметот се пролонгира цели 4 години, а проблемите за нив продолжуваат.

Предметот се наоѓа во гостиварскиот суд, следното рочиште е закажано за 27-ми август.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,