ФОТО: Грдата страна на Кичево – Китиното кале #2

Некогаш убаво уреден парк со зеленило, клупи, осветлување, патеки, споменици… денес жална слика на она што било некогаш. Китиното кале е место со кое секој кичевчанец има посебна врска, па затоа и не боли кога го гледаме во вакво издание. Запуштено, руинирано, небаре заборавено. Без да бараме виновник во други, треба да тргнеме од себе, бидејќи нити сијалиците сами се скршиле, нити дрвјата сами од себе се пресекле, уште помалку треба да чекаме тревата сама од себе да се искоси.

Калето мора да се преуреди и за таа цел се предвидени 2 проекти кои предвидуваат Реконструкција, реставрација и уредување на калето до 2017 година (страници: 26 и 43). Се надевам дека за брзо време, конечно овие слики ќе станат минато, а калето ќе си го врати стариот сјај.