ФОТО: Грдата страна на Кичево

Не сме град без маани, ги имаме многу. Ама голем грев е кога ќе се загадува нешто толку убаво како Крушино. Расфрлани пластични шишиња, најлони, кондоми, партали, книги… Ако продолжиме на овој начин многу лесно ќе го уништиме Крушино. Не беше одамна кога големиот пожар замалку ќе ја проголташе парк шумата. Помор на риби, депонијазагадени реки… Да ја прекинеме низава. Да не бидеме луѓе со кратко паметење и без совест. Да почнеме од себе. Ќе ве молам да ги погледнете фотографиите, тоа сме ние. Нека биде последен пат да пишуваме за ова. Да го зачуваме Крушино!

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)