Иницијативен одбор на ГРОМ за Кичево

Категории: Кичево

Откако синоќа беше наименуван Иницијативен одбор на партијата ГРОМ за Кичево .  Се отвора патот за формирање на огранок на оваа партија и во Кичево, а тоа е најавено да се случи во месец септември , кога ќе биде избран и претседател на огранокот.

За претседател на Иницијативниот одбор беше избран  Анте Трајаноски а присутните во хотелот „Унион“ ги поздрави и нејзиниот претседател Стевчо Јакимовски.

-Иако многумина мислат дека сме приврзок на една од двете големи македонски партии ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, сепак сите треба да знаат дека сме парттија на центарот и не сме ничии поданици. Во текот на летниот период
очекуваме значајно да порасне нашето членство во Кичево но и низ републикава, како би можеле напролет за претстојните претседателски  избори да бидеме важен фактор на македонската политичка сцена – порача Јакимовски.

Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,