Груевски: Да продолжиме да градиме, да создаваме насекаде и да се помагаме

Категории: Кичево, Слајдер

Веќе 4 години Благоја Деспотовски – Ташко работи како градоначалник и вие успеавте мошне добро да го запознаете и да видите што тој понуди и што тој направи и на база на тоа да му верувате за во иднина, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија, Никола Груевски на синоќешниот митинг во Кичево.

Груевски напомена дека Деспотовски кажал многу работи што ги направил. Дека тој се претставил најпрвин со отчетот, за да видат и да споредат граѓаните, што тој ветил и што реализирал. За да има, како што рече, лице и образ за да направи нова програма и да ја понуди.

-Тој внимателно срочи нова програма која што е добро изанализирана и реална и е остварлива и затоа таа програма се распредели помеѓу сите кичевчани за да може да видат и да знаат што треба да очекуваат во наредните четири години да се создава и да се гради и нема ништо помалку од тоа да се направи. Можеби само нешто повеќе, затоа што ние сме многу внимателни кога ветуваме, да не ветиме нешто што неможеме да го направиме, но секогаш кога имаме можност да направиме повеќе, правиме повеќе и тоа сме го докажале во многу наврати досега, рече тој.

Груевски напомена дека Деспотовски во минатите години силно соработувал со Владата и заеднички биле реализирани многу проекти.

– Од неодамна почна да се гради Технолошко-индустриско развојната зона во Кичево во која се очекува да влезат сериозни странски инвестиции со цел да отворат нови работни места, што е крајна цел на нашите политики. Изграден е нов објект на основното училиште „Санде Штерјоски“ и основното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“ во соработка со Владата. Извршена е реконструкција на ул. „Александар Македонски“, отворен е Техничко-технолошки факултет и Правниот факултет во Кичево во соработка со Владата и со Минситерството за овразование и наука. Изградена е спорстската сала „Христо Узунов“ во Кичево, изграден е локалниот пат Кичево – Кружино – Кнежино со поддршка на Владата и Агенцијата за државни патишта. Извршена е реконструкција на водоводот под ул. „Булевар Ослободување“ и извршена е изградба на нова водоводна линија по ул. „Борис Кидрич“. Изграден е нов мост во населбата Чифлик. Извршена е реконструкција на водоводната мрежа во населбата Ивандол во должина од 1200 метри. Изграден е колективен станбен објект за социјално загрозени семејства со вкупно 32 станови во соработка со Владата. Реконструиран е Домот на културата „Кочо Рацин“  и Музејот во Кичево. Во ЈЗУ Општа болница – Кичево набавена е современа медицинска опрема со средствата одобрени од Владата, нагласи премиерот.

Груевски се осврна и на проектите предвидени во програмата на кандидатот за градоначалник на Кичево, Благоја Деспотовски – Ташко.

Тој рече дека е предвидено да се доврши слободната економска зона кај Кичево за да можат да почнат да доаѓаат инвеститорите кои ќе отвораат нови работни места.

– Предвидена е и изградба на две индустриски зони кај Кичево, едната покрај регионалниот пат Кичево – Осломеј и една покрај магистралниот пат Кичево – Скопје и овие зони се во насока на подобрување на бизнис – климата и отворање на нови работни места за кичевчани. За сите од Кичево и од сегашните граници и од идните граници на Кичево. Предвидена е реконструкција на улиците во општина Кичево за што ќе бидат инвестирани над 30 милиони денари. Предвидена е и изработка на ГУП и детални урбанистички планови за сите населени места во Кичево. Изградба на ново основно училиште во населбата Раштански пат. Изградба на нов резервоар за снабдување на градот Кичево со капацитет од 3000 метри кубни вода за да се подобри снабдувањето со вода во Кичево. Изградба на колектор за отапдни води и пречиститетлна станица за целиот Регион на општина Кичево. Изградба на детска градинка во село Другово. Изградба на фудбалски терен во село Другово и во село Челопеци. Изградба на десет спортски терени во десет населби во градот Кичево и кичевско. Изградба на едно повеќенаменско спортско игралиште. Изградба на еден двоен тениски терен со поддршка на Владата и изградба на десет спортски терени со средства од општината Кичево. Изградба на Дом за згрижување на стари лица. Изградба на трим патеки во Кичевско кале и Кружино. Изградба на фекална канализација во насерленото место Бичинци и голем број други проекти кои што Благоја ќе ги реализира, напомена Груевски.

Премиерот нагласи дека Благоја Депсотовски веќе покажал дека може да работи за сите граѓани, независно од тоа кој застанал или кој не застанал зад него, кој го гласал или не го гласал, независно од тоа кој од каква вера и од каква националност е. Рече дека Деспотовски се покажал како вистински татко на општината.

Без поддршка за советничката листа, работата не е целосно завршена

-Да дадеме и поддршка за советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и на СДСМ и на Коалицијата. Да дадеме поддршка на Дејан Пандилески, носител на листата од ВМРО-ДПМНЕ на Ванчо Србакоски, втор на листата и претседател на ОО на СДСМ во Кичево – рече Груевски

Тој апелираше до граѓаните да дадат поддршка за сите носители на листата на сите политички партии кои, како што рече, заеднички го поддршуваат Благоја Деспотовски.

-Благоја нема да може да работи доколку ја нема поддршката од советниците од неговата советничка листа. Знаете дека законите во Македонија се такви, да ако некој сака да го поддржи градоналаникот тој мора да ја поддржи советничката листа, инаку тој всушност заокружувајќи го само името на градоначалникот всушност не го поддржал него бидејќи градоначалникот без поддршка на мнозинството советници неможе да ги донесе одлуките за да ги изврши сите потребни проекти кои што ги ветил во својата програма. Затоа секој кој сака да поддржи некој градоначалник треба да знае дека го поддржал само и само ако ја поддржал и советничката листа, рече Груевски.

Тој ги повика кичевчани сите сложно и заедно, обединети да ги поддржат и Благоја Деспотовски-Ташко и советницците на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на другите политички партии.

Кичево било и ќе остане Македонија

-Кичево било и ќе остане Македонија. И Струга и Кичево и Куманово и Тетово и Гостивар, сите општини биле и ќе бидат Република Македонија. Ако Фатмир Дехари сака да живее во Албанија, еве му ја Албанија, нека оди нека си живее – порача Груевски.

Не можам, нагласи, да ја сфатам понудата на Фатмир Дехари, кандидатот за градоначалник на ДУИ за Кичево, да се слика со калашников и да  говори дека Кичево ќе биде Албанија.

– Со сликите со калашников нема да заплаши никого. Ако сакаше да ни испрати закани, од овде му порачуваме дека никого не исплашил ниту сега, ниту во 2001, ниту во иднина било кого ќе исплаши со неговите фотографии со калашникови. Ги повика и Албанците од дијаспората да дојдат и да гласаат овде во Кичево. Убаво нека си дојдат да си ги видат роднините. Нам тоа ќе ни биде доволна порака дека не смее да ни се повтори излезноста од минатите избори. Кичево овој пат ќе има 100 процентна излезност, рече Груевски.

Сакаат, посочи, со иселени граѓани од пред 10, 20 и 30 години да го земат Кичево.

– Ќе ги носеле со авиони, со автобуси. Ајде кичевци, овој пат да покажеме и да излеземе сите до еден и да им одговориме чие е Кичево и да го оставиме Кичево на кичевчани, а не на некој кој 20 години живее надвор од Кичево. Затоа не смееме да му дозволиме на Дехари да ни го наруши мирот, затоа треба масовно да се излезе и да се подржи Деспотовски и советничката листа на сите политички партии кои застанаа зад него… Етничка Албанија во Македонија нема да може ниту сега, ниту било кога во иднина, рече Груевски.

Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од коалицијата „За подобра Македонија“ Благоја Деспотоски порача дека и во следниот мандат ќе ги застапува интересите на сите заедници кои живеат во Кичево и ќе работи на подобрување на нивните услови за живот и работа.

– Во изминатиот четригодишен период реализиравме над 200 проекти и реконструиравме многу улици и објекти во општината. Се што изградивме досега изградивме со поддршка на Владата и во иднина ќе продолжиме да работиме со исто темпо се со цел Кичево да стане подобро место за живеење, рече Деспотовски.

Главни приоритети во следниот мандат, додаде, ќе му бидат отварањето на индустриската зона и на двата рудници Стогово и Тајмиште со што ќе се отворат над 1.000 нови работни места.

Вети и изградба на првите фабрики во индустриската зона и на повеќе улици, реставрација на кичевското кале, изградба на колектор за отпадни води, пречистителна станица, кеј на реката Темница, целосно решавање на водоснабдувањето во сите населени места, нови спортски објекти и пензионерски дом, нови училишта,….

– Кичево сега ќе стане поголема општина, по територија голема колку Битола, а по население колку Прилеп. Тоа ќе значи поголема обврска за сите нас, но и повеќе стопански можности, поголем буџет и поголеми потенцијали за стопански развој, потенцира Деспотовски.

Пред кичевчани се обрати и Дејан Пандилевски, носителот на заедничката листа на советници на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја побара поддршката од сите кичевчани за да може да се освои Советот што, како што рече, ќе му помогне на градоначалникот Деспотовски успешно да ја води општината.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,