Денеска се Св. маченици Гуриј, Самон и Авив

Gurij, Samon, Aviv

Гуриј и Самон беа угледни граѓани на Едеса. За време на едно гонење на христијаните, беа изведени пред суд и, бидејќи не сакаа да принесат жртва пред празните идоли, беа фрлени в затвор. Најпосле, им беа отсечени главите. Тоа се случи во 322 година. По некое време пострада и едескиот ѓакон Авив, кој беше фрлен во оган. Сепак, неговите мошти останаа цели, па мајка му ги погреба заедно со моштите на светите Гуриј и Самон. Кога престана гонењето, христијаните подигнаа црква во чест на овие тројца светители. Таму ги сместија и нивните мошти. Овие тројца светители се пројавија како големи чудотворци после нивната смрт.