Гуууд мајсторе (48)

guud

Признат, докажан и уважен од цела регија како најголемиот прдач, имав можност да го запознам со „сета негова блескавост“ на титулата дадена од народот, бидејќи ни беше подалечен роднина по мајка.
Кружеа легенди дека во соба со прим* при плотун, жиците создавале фонија дрррннн добри 2 – 3 секунди. Ко ќе излезел на тумба в село и ко ќе акнел, од каршија одзевала планината бауу, бауу …..

Тргнавме од Белград со автомобил вечерта, јас и тој. Автопат, возев и дојдовме кај мотел Наис, пред Ниш околу 02 h по полноќ. Тоа беше и Фри шоп и кафана, свратиште и раскрсница за автопатите што продолжуваа, едниот кон Бугарија за Турција, а другиот кон Македонија и Грција. Коли и раја од сите раси, колку сакаш.
Излегуваме од кола стуткани после 4 – ри часовно возење и карши нас штотуку паркиран автобус од Германија со туристи. Се отвори средната врата, се отвори предната и почнаа да излегуваат поспани луѓе.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Некој протегни се, некој искашлај се, но повеќемина се огласија со прибрано „испуштање на гасови“ доволно да стигне до нашите уши ……. и одеднаш санки хаубица да траснала вррраааууууу. Дур се свестив дека мојов опна, слушам колективен аплауз од Германците и заеднички извици….. ГУУУУУД ……

За да не испадне на случајност, сабајлето кај нас пред куќа, акна уште една при излегувањето од кола, сите маалски кучиња зарваа, ѓо пушка пукнала !
ГУУУД МАЈСТОРЕ ……..

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако