ЕКСКЛУЗИВНО: Лозано – Напред Напредок! Слушнете ја химната на ФК Напредок!

Категории: Магазин, Слајдер

Ова е песната која од овој момент па додека постои Кичево ќе ја пее секој кивчанец, секој „Ѓаол“, секој навивач на нашата гордост ФК Напредок! Едвај чекам песната да ЗАГРМИ под Илиница!

Исполнител е нашата поп ѕвезда Влатко Лозаноски кој го напиша текстот заедно со Милан Миланов и Лазар Цветкоски. Музиката и аражманот се на Лазар Цветкоски кој свири и гитара и бас. Вокалите во позадина се на Магдалена Цветкоска, Влатко Лозаноски и Лазар Цветкоски.

Кичево и Напредок искрено ви благодари на прекрасното дело. Ќе остане за генерациите после нас!

ТЕКСТ / LYRICS:

Хеј Хеј Кичево
Хеј Хеј Напредок

1. Строфа
Со срце и со душа пак те бодриме
за нови победи сега сите одиме
и напред одиме
и напред одиме
Напредок ние не го даваме.

2. Строфа
Сино-белите се гордоста на Кичево
сите сме еден само кога игра Напредок
еден е Напредок
еден е Напредок
сите за Напредок.

РЕФРЕН:
Напред Напредок
Напред Кичево
со тебе сме те бодриме
Напред Напредок
Напред Кичево
за тебе ние постоиме.

Напред Напредок ние сме Напредок
Напред Напредок сите за Напредок.

3. Строфа
Не го даваме ни Напредок ни Кичево
сите одиме кога игра Напредок
од Илиница до Бистра
од Пресека до Стража
синови македонски од срце ќе ви кажат.

Напред Напредок
Напред Кичево
со тебе сме те бодриме
Напред Напредок
Напред Кичево
за тебе ние постоиме. (3x)

Напред Напредок ние сме Напредок
Напред Напредок сите за Напредок.

Music / Muzika: Lazar Cvetkoski
Lyrics / Tekst: Lozano, Milan Milanov, Lazar Cvetkoski
Arr / Аранжман: Lazar Cvetkoski

Instruments / Инструменти:
– Guitar: Lazar Cvetkoski
– Bass: Lazar Cvetkoski
– Back Vocals: Magdalena Cvetkoska, Lozano, Lazar Cvetkoski

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,