Хуманитарен концерт за поправка на црквата Свети Атанасиј во Премка

Категории: Актуелни теми, Кичево, Слајдер

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ ќе се одржи хуманитарен концерт со цел да се соберат средства за поправка на старата црква Свети Атанасиј во селото Премка. Концертот е закажан за 18 мај (сабота) со почеток во 19 часот.

На концертот ќе настапат: Војо Стојаноски, Алексо Тришоски, Биљан Стојаноски, Христијан Тришоски, Спасен Сиљаноски, Бранислав Стојаноски, Раде Миладиноски, КУД „Младост“, КУД „Бисер“, КУД „Рацин“ и КУД „Букојчани“.

Влезот е 100 денари (контакт: Златко Арсовски – 071 254 494)

Црквата Свети Атанасиј е едно од најстарите православни духовни светилишта во Кичево. Изградена е во средниот век. Постоела во XIII век. Во неа се напишани повеќе стари ракописи (Чина Јелеосвеќења, Кичевски Октоих…).

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,