Хуманитарен натпревар помеѓу машка и женска екипа во Кичево

Можеби не е првпат, но во секој случај не толку често, меѓусебен натпревар ќе одиграат машка и женска ракометна екипа.

Токму таков натпревар во хуманитарни цели, вчера во Кичево, одиграа женската екипа на суперлигашот Кичево и машкиот состав на РК Гого, и двете од Кичево. Парите собрани од овој хуманитарен натпревар ќе бидат наменети за две семејства, на кои итно им е потребна помош.

– Не е првпат да играме против машката екипа на РК Гого. Работиме во иста сала и неретко имаме и заеднички тренинзи, дури зимава веќе одигравме и еден пријателски контролен натпревар, така што за нас претстојниот дуел и не е некоја новина. Ние сме добри пријатели со машкиот состав, генерациски сме тука некаде и единствено ги замоливме нашите машки колеги да не играат грубо и ништо повеќе од тоа. На крајот сите ќе бидеме среќни што на овој начин ќе им помогнеме на семејствата на кои им е неопходна парична помош – рекоа најдобрите ракометарки на Кичево, Теодора Митаноска и Силвија Јолеска.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија