И следната сезона Напредок дел од елитата

Категории: Слајдер, Спорт

И да посакаа  фановите на Напредок неможеа да добијат поубав летен подарок од победата на нивниот миленик над  екипата на Пелистер во Битола од 2-1. Тоа значи дека сино – белите и наредната првенствена сезона ќе бидат дел од елитата.
Напредок  на гостувањето во Битола поведе со 1-0 со голот на Симјаноски во 30 минута, израмни Пелистер преку Димитроски во 39 минута, конечниот резултат 2-1 за Напредок го постави Петрески во 75 минута. Со овој триумф Напредок обезбеди директен опстанок во првата лига , додека во баражот одат екипите на Дрита и Пелистер. Нивни противници во доигрувањето ќе бидат второлигашите Скопје и Еуромилк , овие натпревари во календарот се следниот викенд.

Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,