Играчка која им овозможува на бебињата да прават селфи и да ги ставаат на Фејсбук

Холандсикиот дизајнер Лаур Корнет ја иритирале новите горди родители кои на Фејсбук  ги објавуваат апсолутно сите чекори на своето дете.

Забележувајќи дека нејзината почетна Фејсбук страница, претходно полна со игри и фотографии од ноќниот живот, почнува да се полни со фотографии од бебиња, помислисла: – Многу е чудно да се биде дел од животот на некој кој се уште не знае дека сум видела се во врска со него“.

– Бебињата не можат да одлучат за тоа дали нивните фотографии ќе бидат објавени на Фејсбук, вели Лаура како одговор на реакциите од родители кои велат дека се работи за целосно безопасна работа.

Оваа мисла ја водела до креирање на играчки под наслов „New Born Fame“ која на бебињата им овозможува да сликаат селфи и потоа да ја постават на социјалните мрежи. Целта е, вели таа, да започне расправа за тоа кој има право на интернет да поставува фотографии на новороденчиња.

Мобилен телефон, ставен во мека играчка во форма на Фејсбук логото и Твитер птица се закачува над креветчето, а кога детето ќе го дофати настануваат фотографии кои автоматски се поставуваат на социјалните мрежи.

„New Born Fame“ , дипломската работа на Лаура на академијата за дизајн, веднаш предизвика бројни реакции. Некои беа лути, тврдејќи дека е чида што бебињата ги изложува на социјалните мрежи.

– Тоа ме направи среќна. Го докажав своето тврдење, рече Корнет.

Студијата Мајкрософт рисирч покажа дека дури 62 отсто на мајки со деца помлади од три години користат Фејсбук. Повеќе од 96 отсто од мајките велат дека поставуваат фотографии од нивните деца на Фејсбук. Исто така, истражувањето покажа дека поголемиот број од овие мајки припаѓаат на првата генерација на Фејбук корисниците кои биле во средно училиште кога оваа мрежа се појави. Како што растеа и основале сопствени семејства Фејсбук се менуваше со нив.

Но, со зголемениот број на фотографии со бебиња, расте и бројот на корисниците изнервирани од оваа „мода“, што резултираше на создавање на апликацијатао Unbaby.me, која на корисниците им овозможува несаканите фотографии од бебиња да ги отстрани од страната Новости.