Започна имплементацијата на проектот „Отворени денови за социјална заштита“ во Кичево

Претставнциите на Центарот за социјални работи во Кичево денеска започнаа со имплементација на најновиот проект на Владата на Република Македонија односно Министерството за труд и социјална политика „Отворени денови за социјална заштита“.

Овој проект ќе се одвива во координација со општинската администрација во Кичево.

Проектот денеска беше претставен во две месни заедници во Зајас, Теќе и Џума.

– Денеска и официјално започнавме со имплементација на најновиот проект на Владата отворени денови за социјална заштита. Со овој проект ќе се обидеме да се доближиме до граѓаните односно да ги дедектираме оние социјални случаи кои од разни причини заслужуваат, а не го оствариле ова право за социјална заштита. Проектот ќе се одвива во наредните три месеци, а ние секој месец ќе бидеме на терен и ќе ги посетиме сите поголеми населени места на Кичево и околината, изјави Дашмир Лимани, директор на Центарот за социјални работи во Кичево.