Младинска иницијатива за подобрување на заедницата

Категории: Кичево

Неколку млади луѓе од Кичево членови на МОФ и учесници на Школата за активно граѓанство (Обуки за младински активизам), оваа сабота (15 декември) организираат настан „Со потпис и акција до младинска рекреација“.

Преку ова сакаат да ги постигнат следните цели:

– Поттикнување на институциите за реконструција на постоечкиот базен;
– Поттикнување на институциите за изградба на велосипедска патека и парк за млади (скејт парк);
– Поголеми можности за активност, спортување и рекреација кај младите;
– Зближување на младите од мешана структура преку рекреација;
– Поголема безбедност во сообраќајот;
– Можност за иницијатива на младите во Кичево;

Моментално е активна On-Line петиција со цел давање поддршка на овие цели.

Настанот ќе започне со велосипедски марш од автобуската станица, преку булеварот, сè до плоштадот на Кичево. Со директно обраќање на група млади ќе бидат известени и локалните власти, при што ќе се нагласи потребата младите да учествуваат во донесувањето одлуки за да се подобри нивната положба во општеството. За време на овој настан предвидени се и неколку активности како:  велосипедски марш, симулација на базен со реквизити и флеш моб, во кој ќе бидат вклучени сите заинтересирани учесници.

Почетокот на настанот е во 13:30 часот.

Школата за активно граѓанство (Обуки за младински активизам) како дел од Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Овие млади луѓе се натпреваруваа со своите врсници од 12 градови за можноста да се организира иницијатива за подобрување на нивната заедница како и да се обезбедат можности за учество на младите.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,