Нова услуга „Интернет на барање“ на Т-Хоум

Т-Хоум со нова понуда за приватните и деловните корисници на фиксна линија, кои се веќе префрлени на новата платформа целосно базирана на интернет протокол, а кои немаат интернет пристап, да можат веднаш да се поврзат на широкопојасен интернет.

Како што соопшти компанијата, отсега, корисниците на услугите на Т-Хоум коишто имаат телефонски приклучок префрлен на новата интернет платформа со интегриран уред за пристап, можат во секое време да се поврзат на интернет така што ќе се јават на 142 300 и ќе ја активираат новата услуга „Интернет на барање“.

Услугата „Интернет на барање“ се активира веднаш и за неа не е потребна дополнителна инсталација на опрема или склучување нов договор, а има неограничен интернет сообраќај. Оваа услуга е особено поволна за корисници на кои им е потребен интернет за само неколку дена во месецот, особено за викендички и викенд станови.