Научник на Lockheed Martin предстртно сведочи дека вонземјани ја имаат посетено Земјата

Вонземјаните, некои стари и до 200 години, се вистински и ја имаат посетено Земјата. Ова на претсмртната постела го тврди поранешниот научник на компанијата Локид Мартин, Бојд Бушман. Како доказ покажува една фотографија, додека ги исповеда сопствените искуства за НЛО и вонземјани.

Контроверзното 33-минутно видео е направено кратко пред да почине на 7 август оваа година. Снимката се појави пред некое време и предизвика огромно внимание во светската јавност.

„Ви откривам врвна тајна“, го започнува сведочењето. Зборува дека инцидентите како оној во Розвел во 1947 кога се урна балон во сопственост на Американската војска биле поврзани со вонземјани.

Бушман споделува детали за вонземјани, НЛО и антиграитациска технологија, за која вели дека е развивана од Американски, Руски и Кинески научници во воениот капацитет „Ареа 51“.

Во ова видео, Бушман прикажува и фотографија која ја приложува како „доказ“ за постоењето на вонземјани, додека ги опишува работите кои ги знае.

„Високи се околу 1-1,5 метри“, продолжува поранешниот аеронаутички научник. „Имаат 3 р’бета, но всушност повеќе се како р’скавица“, дополнува, подвлекувајќи дека тие имаат помалку ребра од човекот, но прстите и петите им се исти како и кај луѓето.

Тврди дека нивните очи и нос се различни и дека тие можат да комуницираат телепатски и да ги читаат мислите на луѓето.

„Можат да ви се обратат телепатски и така да комуницираат со вас. Одиш во соба со еден од нив и наеднаш ќе се најдеш себе си како го слушаш прашањето кое си го поставил  токму со твој глас.“

Според Бушман, има 2 различни врсти на вонземјани. Едните се попријателски настроени кон нас. Можат да живеат и по 230 години. Вели дека потекнуваат од планета наречена „ Quintumnia“, оддалечена 68 светлосни години од Земјата и дека им треба само 45 минути за да стигнат до нашата планета. На нивната планета комуницираат исклучиво телепатски.

Научникот тврди дека им ги видел нивните домови бидејќи им дал камера за да направат снимки на нивната планета, но тешко е да се претпостави што се гледа на тие снимки бидејќи се заматени.

Во друго тврдење, Бушман вели дека постои специјален воздушен коридор од вселената до Ареа 51, мистериозна база во централна Невада каде се верува дека се сместени вонземјаните заедно со нивните бродови.

Според него, Американците имаат 24 активен надзор за следење на НЛО.

Веб сајтот, пак, TVQC, ги негира тврдењата на научникот, велејќи дека сликите приложени како „доказ“ од страна на научникот се истите играчки кои се продаваат во ланецот маркети „Волмарт“.