Презентација за можностите за инвестициските проекти согласно ИПАРД програмата

Во присуство на раководителот на одделението за спроведување на Ипард програмата од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, Младен Колариќ и презентерот од ова министерство Виктор Младеноски, Регионалната стопанска комора за Кичево, во соработка со регионалните стопански комори од Охрид и Струга, одржа презентација на тема „Новите можности за реализација на вашите инвестициони проекти согласно ИПАРД програмата”.

По извршената презентација од страна на гостинот на министерството, уследија поголем број прашања од претставниците на бизнис заедницата од регионот.  На крајот гостинот од  министерството Младен Колариќ порача:

„Ова е извонредна можност со помош на европските пари да се дојде до квалитетна инвестиција и до трајно решавање на проблемите на невработените во сите делови од земјава. Вакви предавања ќе имаме и во преостанатите региони во државава, со цел што подобро и на лице место да ги запознаеме за поволностите кои ги нуди ИПАРД програмата”.

Текст и фото: Зоран Антоски