Исчезнатата Валери ја нема напуштено Македонија

Исчезнатата 39-годишна француска државјанка за која вчера објави Kicevo.Mk, ја нема напуштено државата на ниту еден граничен премин што значи дека или е се уште во Македонија, или нелегално заминала од тука, или трето е во прашање – пренесе попладнево телевизијата Канал5.

Валери дошла на одмор во Кичево заедно со својот сопруг, Илир Незироски кој е кичевчанец што работи во Франција.

Незироски во МВР рекол дека Валери на 25 јули излегла од куќата во која престојувале и повеќе не се вратила. Тој исчезнувањето го пријавил следниот ден на 26 јули. Оттогаш се поминати две недели, но Валери ниту се вратила во куќата, ниту пак ја пронашла полицијата.

Доколку имате било каква информација, пријавете во полиција на телефонскиот број 192.