Промоција на самостојни дела на Искра Донева

Категории: Македонија

Здружението на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, особено на лицата со физичка и ментална попреченост „Нова Искра“-Скопје, кое како примарна цел има презентирање, промовирање и заштита на животот и делото на Искра Донева како мотивирачка успешна приказна и други активности за успешно завршување на хуманитарната акција за собирање средства за нејзин медицински третман со матични клетки и подобрување на егзистенцијалните услови, има чест да ве покани на промоција на најновите дела (самостојно издание) на Искра Донева на 10 јуни во Кино Фросина, МКЦ Скопје од 20 часот.

Книгите „Скакулче игра плочка”, „Татко” и „Лазарополски хаикуа„ се од жанрот хаику поезија. Промотори на книгите ќе бидат реномираните автори и професори Александар Прокопиев и Владимир Мартиновски, како и Жарко Којунџиски, додека поезијата ќе ја интерпретира докажан актерски тим предводен од шармантната актерка Арна Шијак. Со своја музичка програма настанот ќе го збогати интернационално познатиот етно состав Љубојна.

Ви ветуваме доживување што не смее да се пропушти!

Поканата е отворена за сите добронамерници.

Да бидеме таму, заедно за Искра!

Здружение „Нова Искра“

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,