„Глава бела, кочан тврд“ (7)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

Има една мала колонија на Италијанци (Асизи, Кармело, Барбарели (дете од полковникот Колонело) кои останале да живеат во нашиот град и после II Светска војна. Некои велеа дека се заробеници, други дезертери, но ако беа заробеници, нели после завршувањето на војната ќе си заминеа назад во Италија, а тие засниваа свои семејства овде !!?.

Прв сметководител во градот, атеист, преведувач на тогашната амбасада од Италија во С.Ф.Р.Ј. за Македонија, вистински интелектуалец кој поради својот ентузијазам, племенитост, неискомерцијализираност (бесплатно правеше завршни сметки на многу организации) многу често запаѓаше во критика од најблиските поради тоа …………и поради пуштањето по милионити пат на касетата – реликвија од неговиот роден град Палермо: „Миа Маре“ ………..

Запаѓаше тој и во комични ситуации раскажани од постари, поради нецелосното познавање на Македонскиот јазик: Комшија бил со некоја Крстејца, па и рекол во првите денови: – „Бон Ѓорно Крастајце“. После 3 ќерки добил син како 4 – то дете и радосен истрчал в чаршија да ја подели радоста со пријатели: – „Ја има дете !/Женско ?/Не/Машко !?/Ееe, ко ти казаа !!!

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Како потомок на една од најстарите светски култури, во односот со понежниот пол имал џентлменски однос, тотале: Жена му по потекло од околниве села и име за комплекс – Трендафилка, е тој никогаш не ја викна така, цел живот ја викаше: „Моја Роза“.

На таков еден бонвиван, кога „неаргументирано“ ќе му го покажеш местото во АУТ, следува интелегентна реплика. Тој носеше специфична, негувана брадичка налик на учителите во Јапонските карате филмови. Годините газат, брадата бела, косата исто и слегува тој на 3 – ти колосек со возот од Скопје. Слегол низ железните скалички од вагонот и пешки преку шините до перонот. Културна дама, сметајќи дека би можел да има потешкотии при искачувањето на перонот, му поддала рак за да му помогне, а тој сфаќајќи „кај плови бродот“, навреден, гордо не ја поддал раката велејќи: – „ГЛАВА БЕЛА, КОЧАН ТВРД“

.Припомогнале Павле Сретеноски и Зоран С.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,