Претседателот Иванов утре во посета на Кичево

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов утре ќе го посети Кичево.

Претседателот Иванов со почеток во11 часот ќе одржи предавање на правниот факултет, Д-р Владимир Полежиноски, во Кичево на тема „Владеење на правото“.

Претседателот последен пат го посети Кичево за време на празникот Мала Богородица пред две година, кога оствари средба со градоначалникот Благоја Деспотоски, ја посети „Куќата на уметноста“ и ги посети индустриските  зони Иванидол 1 и 2.