ФОТО: Претседателот Ѓорге Иванов во посета на Кичево

Претседателот на Република Македонија, Др. Ѓорге Иванов денес беше во посета на Кичево. Иванов беше пречекан од градоначалникот Благоја Деспотоски, членови на советот на Општина Кичево, пратениците Антонио Милошоски и Илија Китаноски, ректорот на Битолскиот универзитет, Проф. д-р Златко Жоглев, деканот на правниот факултет во Кичево, проф. д-р Илија Тодоровски и членови на управата на факултетот со кои оствари средба.

При посетата на правниот факултет “Д-р Владимир Полежиноски”, претседателот Иванов пред студентите одржа предавање на тема: „Владеење на правото“.

Потоа Претседателот се прошета низ старата кичевска чаршија каде оствари средби со граѓаните. При посетата на чаршијата Иванов истакна дека Кичево е пример каде заедништвото и поврзаноста со родниот град е одлика на сите Кичевчани.

Иванов имаше прилика да ги посети угостителските објекти пицерија „Јаху“ и чајџилницата „Фенербахче“.