Избрканите пожарникари во Кичево во шок, Македонците во исчекување

Категории: Кичево, Слајдер

Отпуштањето од работа на четворицата вработени во ППБ Кичево, ја разбранува кичевската чаршија и сите вработени во локалните органи се прашуваат, дали оваа метла ќе ги зафати и нив

Отпуштените пожарникари се во шок од она што вчера им се случи, кога беа избркани од работа.

-Секако дека сме изненадени и затечени од одлуката на градоначалникот да бидеме отпуштени од работа.  Ние бевме примени на работни места кои од поодамна беа празни по заминувањето на шестмина пожарникари во пензија.Во пожарната бевме на 3-месечен курс на места за„ итни случаи и неодложни работи, вели  Слаѓан Грозданоски.

Четворицата посочуваат дека според бројот на жители на новата општина Кичево (60000) потребни  се над 30 пожарникари или на секои 1500 жители по еден пожарникар,а во моментов бригадата има само 12 вработени лица.

-Немаше апсолутно никаква причина да бидеме отпуштени од работа и тоа најмногу не боли, исто така погодени сме и од сознанието што од петтемина примени во јануари, само ние Македонците сме избркани од работа.Тоа само посебе нешто зборува, вели Дејан Дејаноски.

Избрканите пожарникари разговарале и со пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Илија Китаноски ,кој им ветил секаков вид на помош, како и со претседателот на кичевскиот огранок од оваа партија.

Градоначачникот Дехари  им објаснил дека лошата финансиска состојба во општината е причина за  нивното отстранување од работа.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,