Сарачини: Изградбата на автопатот Кичево-Охрид-Струга ќе придонесе да се реализира планираниот еконономски раст догодина

Категории: Македонија, Слајдер

Планираниот почеток на изградбата на автопатот Кичево-Охрид-Струга беше централна тема на денешната редовна средба на министерот за економија Ваљон Сарачини и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Мендерес Кучи на која се разгледуваа Предлог-буџетот за 2014 и проектите кои се планираат да се реализираат.

– Изградбата на автопатот што се планира да почне во 2014 година значително ќе придонесе да се подобри економијата во Македонија и да се реализира планираниот раст од 3,2 процента за идната година. Изградбата е значајна и за бизнисот заради ефектите на среден рок, како што е ангажирањето на градежните компаниим, но и на долгорочен рок со намалување на трошоците на работење, изјави Сарачини по средбата.

Тој посочи дека станало збор и за проектите во патната, енергетската, железничката и комуналната инфраструктура што се планираат за наредната година, како и за проектите кои треба да се реализираат во Технолошко-индустриските развојни зони, образованието, здравството и културата.

– Од Стопанската комора на Северозападна Македонија го поздравија фактот што од 2014 година ќе има 20 отсто зголемување на капиталните инвестиции. Заеднички можеме повеќе да придонесеме за раст на економијата, нагласи Сарачини.

Претседателот на Стопанската комора Кучи средбата ја оцени како конструктивна.

– Добивме појаснување од министерот за буџетските средства и за амбициите буџетот од социјален да го направиме развоен. Процентот од 20 отсто за капитални инвестиции е добар, но е двојно помал од оној што ние го бараме. Сепак е драстично поголем во однос на минатите години и гарантира БДП на ниво од над 3 проценти, рече Кучи.

Нагласи дека се задоволни од планираното во буџетот за 2014 година, но додаде дека имаат забелешки во делот на реализацјата на проектите во западниот дел од земјава.

– Бараме западниот дел да биде локомотива и да влече напред зашто ги има сите потенцијали за тоа. Тоа не значи дека сме против она што ќе се гради во другите делови од Македонија, потенцира Кучи.

Министерот Сарачини образложи дека само во буџетот за Технолошко индустриските развојни зони за 2014 година со предвидени 225 милиони за зоните во Тетово, Кичево и Струга. – Не би можел да кажам дека проектите во буџетот се делат на проекти во Западна или Источна Македонија. Сите се за развој на економијата во Македонија и сите заедно како Владата, така и стопанствениците треба да придонесеме за Македонија да оди во правилна насока во смисла на економскиот развој, рече Сарачини.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,