На 11-ти септември изложба на делата од Интернационалната кичевска ликовната колонија 2013

Категории: Кичево, Слајдер

Традиционално секоја година за 11-ти септември,денот на првото ослободување на Кичево, на љубителите на уметноста и на граѓаните на Кичево, ќе им се презентираат делата изработени на годинешната Интернационална кичевска ликовна колонија. Како и обично ликовната  изложба ќе биде поставена во местото каде што се создаваат овие дела, „ Куќата на уметноста“ во с. Кнежино. Ќе бидат изложени повеќе од 40 уметнички слики изработени во повеќе техники, а ќе бидат претставени и склуптурите кои оваа година ги создадоа вајари од Бугарија и Хрватска.
Покрај Кичево оваа изложба есенва ќе гостува во КИЦ  на град Скопје, а ќе прошета и во повеќето поголеми градови низ републикава. Се прават напори за прв пат делата од кичевската ликовна колонија, која годинава прослави 20 годишен јубилеј, да бидат претставени и надвор од границите на Македонија.
Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,