Во детската градинка во Кичево, изложба на Живко Попоски – Цветин

По повод„ Меѓународниот ден против насилство“, на 2 –ри октомври,  детската градинка „Олга Мицеска“  од Кичево, организира ликовна изложба со работен наслов „Цвеќе на мирот“ на познатиот сликар и хуманист Живко Попоски-Цветин. Авторот на оваа изложба на децата од градинката ќе им подари минијатурни слики со, цвеќе на мирот,а децата за возврат на гостите присутни на оваа изложба, ќе им приредат пригодна програма.

На изложбата на Цветин ќе бидат претставени 24 дела од познатиот сликар.Отворањето на изложбата е закажано за 10 часот.

Зоран Антоски