Изложба на карикатури од Миро

Центарот за култура Кочо Рацин организира изложба на карикатури од познатиот македонски карикатурист Мирослав Георгиевски – Миро.

Георгиевски е роден е во 1946 година. По професија е машински инжинер и долги години живеел од својата професија. Карикатурата, стрипот и дизајнот му биле повеќе од хоби. Работел како уредник за карикатури во сатиричното списание Остен , а неколку години цртал и стрип за весникот Дневник. Добитник е на четириесетина награди од сите континенти.Има издадено една книга со карикатури на тема „стари народни песни“.

Изложбата ќе се одржи во петок, 13 септември, во фоајето на Центарот за култура Кочо Рацин со почеток во 20.00 часот.