ФОТО: Блика вода од карстот под Илиница

Континуираните врнежи од дожд оваа пролет ги наполнија изворите под карстот на Илиница, Кичевско

Ни постарите жители на блиското село Доленци не паметат да течат толку големи количества вода од изворот на оваа планина. Глетката е импресивна и ги мами сите оние кои поминуваат на регионалниот пат Кичево – Прилеп, да подзастанат да уживаат во убавината на природниот феномен. Пенливата вода    со силен татнеж се спушта триесетина метри и се влева во реката Треска.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија