Документарна фотографија – Џејмс Ван Дер Зи [#4]

Џејмс Ван Дер Зи е роден 29.06.1886 – 15.05.1983. Тој бил Афричко американски фотограф кој бил познат по неговите портери за црните њујорчани. Бил предводник на Харлемската ренесанса. Покрај неговите артистични заслуги тој ја развил и сеопфатна документарна фотографија од тој период. Од неговите многубројни дела во текот на овој период се Маркус Гарви, Билл Робинсон.

Биографија

Тој е роден во Ленокс Масачусетс. Неговите родители биле Џон и Елизабет Ван Дер Зи. Неговите родители работеле за претседателот Јулисес С. Грант во Њујорк. Негов најдобар другар бил Џејмс Мур. Како дете свирел на пијано, виолина и сакал уметност. Фотографството му станало хоби. На 14 години ја добил својата прва камера од некоја промоција од некое списание. Неговот искуство со таа камера го навела да набави подобра камера со која подоцна ќе направи преку стотици илјади фотографии од неговиот град и од неговото семејство. Тој бил вториот човек во Ленокс кој што поседувак камера и сам ги развивал фотографии. Неговата заинтересираност придонела да направи живописни документарни фотографии за секоја декада од неговиот живот креирајќи единствена фотографија.

Тој бил умешен со пијаното и надежен вионилист. Откако се преселил во Њујорк со неговите браќа и неговиот татко приоритет му били предавањата по музика. Еден период тој бил дел од оркестарот харлем. На 29 години работел како техничар во Њу Џерси. Работел како фотограф кога неговиот колега не бил во можност. Патроните уживале во неговата креатвина работа и субјектите кои ги сликал . Ова го охрабрило да отвори свое сопствено студио Гарант фотографија. За 2 години станал успешен. Во 1932 отворил поголемо студио ГГГ студио а асистент му била неговата втора жена. Во ова студио биле користени многу реквизити , архитетски елементи и костуми од периодот на викторијанската и ерата на Едвард. Му било потребно многу време за да направи фотографија па така најчесто имал само по 3 успешни фотографии на ден.

Во текот на големата депресија фотографирал за пасоши разни ситни фотографски ангажирање колку за да се преживее. После втората светска војна тој преминал преку комисиите и станал дел од фотографството во реставрацијата.

На 82 години му било дадено национално признание кога неговата колекција од 75000 фотографии опфатила период од 6 декади на афричко американскиот живот и осамнала во Музејот за уметнсот во Метрополотан. Во 1969 неговите фотографии биле изложени на изложбата на Харлем во мојот ум. Од 1970 до неговата смрт во 1983 фотографирал познати личности кои ги среќавал и му помогнале да се пробие низ земјата. Познат е по тоа што донел живост во Харлем.

Фотографски техники и уметност

Неговата работа е уметничка исто толку и умешна. Неговата работа барала големи напори делумно поради експериметирањето и знаењето за двојна изложеност и преправањето на негативите од сликите со деца. Една од главните теми е онаа со слики на средната црна класа кои ги сликал користејќи традиционални техники за живопосини слики. Негативите биле ретуширани за да го истакнат гламурот и

аурата на совршенството. Со ова ставал повеќе внимание на личноста која е фотографирана но исто така сметал дека треба да се надмине субјектот. Неговите фотографи од неговата фамилија покажале дека семејството е најбитно во неговиот живот.

Понекогаш комбинирал повеќе фотографии во една на пример додавал дете дух на некоја свадбена фотографија за да ја предизвика судбината на парот или додавал слиак од погреб со слика на мртва жена за да ја долови морничавоста.

Тој бил фотограф кој се искажувал преку портретите и посветил внимание на неговата професионална работа пред енговите живописни композиции. Тој фотографирал организации, настани и други случувања од тој карактер.

М-р Јован Наумоски

Фото Клуб Пиксел