Јанакиески: Изградбата на автопатот ќе го поттикне развојот на кичевскиот крај

При денешната  посета на Кичево, покрај пуштањето на патот за село Староец , Јанакиески оствари средба со заменик Министерот за Локакна самоуправа Ѓорѓија Сајкоски, пратеникот од Кичево Илија Китаноски и со потесното раководство на ОК ВМРО-ДПМНЕ на Кичево.

По предавањето на патот министерот Јанакиески рече:
-Министерството за Транспорт и врски со свои средства во износ од 9 милиони денари ја финанасираше изградбата на овој патен правец, со што  на жителите од овие села им помогнавме да остварат побрза комуникација со градот Кичево а тоа ќе помогне да се намали и миграцијата село –град.Треба да потсетам дека за Кичево ицелата општина, најважна информација е таа што во првиот квартал од наредната година ќе започне изградбата на Автопатот Кичево-Охрид. На овој начин ќе се поттикне развојот на овој крај , а по завршувањето на автопатот, патувањето од Кичево за Охрид ќе биде многу побрзо и побезбедно.
Министерот Јанакиески при посетата на село Староец
Инаку новоизградениот пат за село Староец е со должина од 2,5 км., а ширината на коловозната лента изнесува 3,5 м.
 
Текст и фото: Зоран Антоски