Министерот Миле Јанакиески денес во посета на Кичево

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денес ќе претстојува во работна посета на Кичево. За време на својот претстој ќе ја посети локацијата на која е завршена изградбата на пат до населеното место Староец.

Претходно оваа посета беше најавена за во петокот, но во последен момент беше откажана.